Самостоен стручен соработник за премиско сметководство

Македонија
Самостојна служба за спроведување на осигурување - Оддел за премиско сметководство и строга евиденција

Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје и тргнете на патување кон личен и професионален развој! Ви нудиме можност да се придружете се на нашиот динамичен тим како “Стручен соработник за премиско сметководство” во Самостојна служба за спроведување на осигурување - Оддел за премиско сметководство и строга евиденција. 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

Работно место:

„Стручен соработник за премиско сметководство” во Самостојна служба за спроведување на осигурување - Оддел за премиско сметководство и строга евиденција.

 

Опис на работно место:

  • дава информации за работно време, штети и наплата на премија
  • прима барања за online понуди,
  • водење на премиско сметководство,
  • раскнижување на налози,
  • Евидентирање и раскнижување на изводи од сметките на Друштвото во деловните банки;
  • Раскнижување на компензации,
  • Сложување на хронолошки картици на правни и физички лица;
  • Раскнижување на нераспределената премија во изводот на Друштвото;
  • Вршење исправка на задолжување;
  • Пресметка на исправката на вредност на ненаплатени побарувања,

 

Потребни квалификации:

  • гимназија или друго стручно образование
  • познавање работа на компјутер

 

Услови за вработување:

  • Број на извршители:  1 (еден);
  • Работен однос на определено време во траење од 3 месеци;
  • Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
  • Место на извршување на работата: седиште на САВА осигурување а.д. Скопје;

 

Рок за пријавување:

                                                            

Рокот за пријавување е заклучно до 14.08.2026 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

 

Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се  чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права  за обработка на личните податоци  како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк:

Izvestuvanje-za-obrabotka-na-lichni-podatoci-za-kandidati-za-vrabotuvanje-za-aktiven-oglas.pdf 

Izvestuvanje-za-obrabotka-na-lichni-podatoci-od-baza-na-kandidati-za-vrabotuvanje.pdf 

 

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

Покажи повеќе...
Sava osiguruvanje web
FledgeHR © 2026
Cookie consent Политика за приватност