Стручен соработник за правна ликвидација
Македонија
Сектор за штети, Служба за правна ликвидација
Стручно
Работно место:
- Стручен соработник за правна ликвидација
Организациона единица:
- Служба за правна ликвидација, Сектор за штети - Дирекција
Опис на работно место:
- евидентирање, следење и анализирање на споровите поврзани со дејноста осигурување,
- извршување на работни задачи поврзани за лични штети (материјални и нематеријални),
- соработување при утврдување на обемот и висината на штета,
- соработување при изработка на извештаи,
- соработување при изработка на договори за порамнување,
- обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.
Потребни квалификации:
- Завршенo четиригодишно високо образование (ВСС), - Правен факултет;
- Познавање на работа со компјутер;
- Познавање на англиски јазик;
Услови за вработување:
- Број на извршители 1 (еден) во седиштето на Друштвото;
- Определено време во траење од 3 месеци;
- Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
Бенефиции за вработените:
- Доброволно пензиско осигурување во професионалната пензиска шема на Отворениот доброволен пензиски фонд САВА “Пензија плус” (Трет столб);
- Доброволно здравствено осигурување во САВА осигурување. Премиите за осигурување се плаќаат од вработените со 50% попуст со специјални лимити на покритијата;
- Секој вработен добива службен телефонски број и мобилен апарат со вклучени трошоци за мобилен по Правилник на Друштвото;
- Татковство – користење на 5 (пет)работни дена отсуство на вработен – татко со платен надомест на плата за раѓање на дете;
- 1 (еден) работен ден отсуство на вработен со платен надомест на плата за прв училишен ден на дете;
- Пакетче за прваче;
- Пакетче за нова година;
- Подарок за 8-ми март;
- Слободен ден за роденден;
- Пакетче за новороденче и
- Континуирано професионално усовршување преку интерни и екстерни обуки и семинари.