Самостоен стручен соработник за сметководство

Македонија
Сектор за финансии и сметководство
Самостојно

Дали барате предизвици во друштво, членка на интернационална Групација каде секој ден е можност за раст и учење? Дали сте водени од страста за работа и постојаното подобрување? Ако е така, вие сте само личноста која ќе се придружи на нашиот одличен тим посветени професионалци, кој нуди многу можности за раст на кариерата. Ние ги поддржуваме вашите желби со флексибилни работни аранжмани и различни програми за кариера и личен развој.

Краток опис на работните задачи:

Извршува задачи поврзани со водење на сметководството, контрола и книжење на деловните настани, подготовка на извештаи, усогласување на евиденции, како и поддршка при изготвување на пакет за консолидација, во согласност со важечките прописи и МСФИ.

Клучни работни одговорности:

  • Водење на сметководството согласно со законските прописи и сметководствени стандарди;
  • Контирaње и книжење на деловните настани во главната книга;
  • Изготвување на статистички и финансиски извештаи за внатрешна и надворешна употреба (АСО, УЈП, НБРСМ, и сл.);
  • Соработка при усогласување на деловните книги со помошните евиденции, како и усогласување на аналитичките и синтетичките сметки;
  • Евидентирање и контрола на основни средства и нематеријални вложувања;
  • Пресметка и евиденција на амортизација;Контрола и порамнување на трансакциските и готовинските сметки;
  • Активна поддршка и учество во процесот на подготовка на финансиски консолидирани извештаи;
  • Следење на сметководствените аспекти во рамки на групацијата и примена на МСФИ;
  • Извршување на други задачи по налог на непосредниот претпоставен.

Потребни квалификации и компетенции:

  • ВСС – диплома од Економски факултет (сметководство, финансии или сродна област);
  • Практично познавање на МСФИ
  • Искуство со сметководствени софтвери и напредно користење на Excel;
  • Искуство во подготовка на консолидирани извештаи или учество во процесот ќе се смета за предност;
  • Способност за аналитичко размислување, прецизност и самостојно донесување одлуки;
  • Комуникациски вештини и способност за работа во тим и под притисок.
  • Поседување лиценца за овластен сметководител издадена од институција надлежна за сметководствени работи во РСМ (ИСОС) 
Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

Покажи повеќе...
Sava osiguruvanje web
FledgeHR © 2025
Cookie consent Политика за приватност