Стручен соработник за финансии
Македонија
Сектор за финансии и сметководство
Почетничко
Дали барате предизвици во друштво, членка на интернационална Групација каде секој ден е можност за раст и учење? Дали сте водени од страста за работа и постојаното подобрување? Ако е така, вие сте само личноста која ќе се придружи на нашиот одличен тим посветени професионалци, кој нуди многу можности за раст на кариерата. Ние ги поддржуваме вашите желби со флексибилни работни аранжмани и различни програми за кариера и личен развој.
Опис на работно место:
- примање, сортирање, евидентирање и шифрирање на влезна финансиска документација;
- подготовка на платежни налози и изготвување на фактури;
- подготвување на компензации, асигнации и договори за цесија;
- подготвување на извештаи за надворешни институции;
- споредно евидентирање на нарачките и одобрување на канцелариски материјал (за сектори и подружници);
- обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен .
Потребни квалификации:
- ВСС – диплома од Економски факултет (сметководство, финансии или сродна област);
- Познавање на работа со компјутер;
Пријави се