Администратор
Македонија
Самостојна служба за спроведување на осигурување - Оддел за премиско сметководство и строга евиденција
Почетничко
Дали барате предизвици во друштво, членка на интернационална Групација каде секој ден е можност за раст и учење? Дали сте водени од страста за работа и постојаното подобрување? Ако е така, вие сте само личноста која ќе се придружи на нашиот одличен тим посветени професионалци, кој нуди многу можности за раст на кариерата. Ние ги поддржуваме вашите желби со флексибилни работни аранжмани и различни програми за кариера и личен развој.
Работно место:
- Администратор
Организациона единица:
- Самостојна служба за спроведување на осигурување - Оддел за премиско сметководство и строга евиденција
Опис на работно место:
- Извршување на административни работни задачи за потребите на секторот и службата,
- Обавување на работи од областа на благајничко работење и уплата на дневен промет,
- Обавување на други работни задачи по налог на неговиот претпоставен
Потребни квалификации:
- Завршенo четиригодишно средно образование (ССС), гимназија или друго стручно образование;
- Познавање на работа со компјутер;
Услови за вработување:
- Број на извршители 1 (еден) во седиштето на Друштвото;
- Определено време во траење од 3 месеци;
- Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
Бенефиции за вработените:
- Доброволно пензиско осигурување во професионалната пензиска шема на Отворениот доброволен пензиски фонд САВА “Пензија плус” (Трет столб);
- Доброволно здравствено осигурување во САВА осигурување. Премиите за осигурување се плаќаат од вработените со 50% попуст со специјални лимити на покритијата;
- Секој вработен добива службен телефонски број и мобилен апарат со вклучени трошоци за мобилен по Правилник на Друштвото;
- Татковство – користење на 5 (пет)работни дена отсуство на вработен – татко со платен надомест на плата за раѓање на дете;
- 1 (еден) работен ден отсуство на вработен со платен надомест на плата за прв училишен ден на дете;
- Пакетче за прваче;
- Пакетче за нова година;
- Подарок за 8-ми март;
- Слободен ден за роденден;
- Пакетче за новороденче и
- Континуирано професионално усовршување преку интерни и екстерни обуки и семинари.