Самостоен стручен соработник за здравствено осигурување

Македонија
Самостојна служба за спроведување на осигурување
Почетничко

Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје и тргнете на патување кон личен и професионален развој! Ви нудиме можност да се придружете се на нашиот динамичен тим како Самостоен стручен соработник за здравствено осигурување – лекар, цензор во Самостојна служба за спроведување на осигурување.

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

Работно место:

„Самостоен стручен соработник за здравствено осигурување“ во Самостојна служба за спроведување на осигурување.

 

Опис на работно место:

  • Давање мислења за покритија преку асистентски цетар -  приватно здравствено осигурување;
  • Цензорирање на штети по дополнително здравствено осигурување врз основа на медицинска документација;
  • Давање мислења при прием во осигурување по прашалници од осигуреници за приватно здравствено осигурување;
  • обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен

 

Потребни квалификации:

  • медицински факултет;
  • лиценциран општ лекар;
  • Познавање на работа со компјутер;

 

Услови за вработување:

  • Број на извршители:  1 (еден);
  • Работен однос на определено време во траење од 3 месеци;
  • Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
  • Место на извршување на работата: седиште на САВА осигурување а.д. Скопје;

 

Рок за пријавување:

                                                            

Рокот за пријавување е заклучно до 30.11.2025 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

 

Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се  чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права  за обработка на личните податоци  како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк:

Izvestuvanje-za-obrabotka-na-lichni-podatoci-za-kandidati-za-vrabotuvanje-za-aktiven-oglas.pdf 

Izvestuvanje-za-obrabotka-na-lichni-podatoci-od-baza-na-kandidati-za-vrabotuvanje.pdf 

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

Покажи повеќе...
Sava osiguruvanje web
FledgeHR © 2025
Cookie consent Политика за приватност