Стручен соработник за здравствено осигурување

Македонија
Самостојна служба за спроведување на осигурување
Почетничко

Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје и тргнете на патување кон личен и професионален развој! Ви нудиме можност да се придружете се на нашиот динамичен тим како “Стручен соработник за здравствено осигурување” во Самостојна служба за спроведување на осигурување.

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Работно место:

„Стручен соработник за здравствено осигурување“ во Самостојна служба за спроведување на осигурување.

Опис на работно место:

  • проверка на прашалници за здравствено осигурување,
  • постапува и решава по барање за надомест на штети ДПЗО – преку асистентски центар и барања за рефундации,
  • постапува по барања на осигуреници,
  • комуникација/координација со доктори- цензори,
  • евидентирање, следење и анализирање на споровите поврзани со дејноста осигурување;
  • извршување на работни задачи поврзани за лични штети (материјални и нематеријални);
  • соработување при утврдување на обемот и висината на штета;
  • изготвување на извештаи,
  • изготвување на договори за порамнување,
  • обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен

Потребни квалификации:

  • минимум средно образование (предност ќе имаат кандидатите со завршено средно медицинско образование);
  • Познавање на работа со компјутер;

Услови за вработување:

  • Број на извршители:  1 (еден);
  • Работен однос на определено време во траење од 6 месеци;
  • Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
  • Место на извршување на работата: седиште на САВА осигурување а.д. Скопје;

Рок за пријавување:                                             

Рокот за пријавување е заклучно до 30.11.2025 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се  чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права  за обработка на личните податоци  како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк:

Izvestuvanje-za-obrabotka-na-lichni-podatoci-za-kandidati-za-vrabotuvanje-za-aktiven-oglas.pdf 

Izvestuvanje-za-obrabotka-na-lichni-podatoci-od-baza-na-kandidati-za-vrabotuvanje.pdf 

 

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

Покажи повеќе...
Sava osiguruvanje web
FledgeHR © 2025
Cookie consent Политика за приватност